Владата го прифати мислењето на Комисијата за заразни болести дека скијачките центри може да работат согласно соодветен протокол со пропишани превентивни мерки во услови на пандемија од ковид-19, имајќи предвид дека скијачките центри не располагаат со затворени гондоли на жичарите.
Можеби ќе ве интересира
Владата ги прифати и препораките на Комисијата во однос на Протоколот за безбедносни мерки ковид-19 за ски центри во С. Македонија за измени во однос на обезбедување на редарска служба пред билетарниците и ски лифтовите, задолжително обезбедување на физичко растојание од 1,5 – 2 метри и пред билетарниците (како пред жичарниците и ски лифтовите), ограничување на работа на угостителските објекти на терените само на отворен простор и со шалтерска продажба со прибор за еднократна употреба.