Скандалозен прилог на руска телевизија: „Обама“ пее дека е „чоколадно зајче“ ВИДЕО

509

Телевизискиот канал, наклонет на Кремљ, кој воедно е во сопственост на нафтениот гигант Гаспром, предизвикал бес меѓу гледачите откако емитувал расистичка пародија на сметка на поранешниот претседател на САД Барак Обама, кој во скечот го игра актерка чие лице е обоено со црна боја.

Каналот НТВ ја емитувал пародијата во политичката сатирична емисија „Меѓународнаја Пилорама“ која се емитува во викенд.






Претседателскиот мандат на Обама опишан е како темен период на американската историја, а тој во скечот е прикажан како рапер кој носи златни ланчиња и пее „Јас сум чоколадно зајче“ стихови од популарна руска поп песна, кјавува The Times, пренесува Јутарњи.хр.

Во еден момент, актерката која го портретирала Обама ја прашале да ги коментира новите мемоари на Обама, а таа вели дека тоа „навистина е значајно достигнување бидејќи никој од моето (Бараковото) семејство пред мене не знаело да пишува“.

Поврзани содржини