Мурињо тргнува по ѕвездата на Реал Мадрид, сензационален трансфер е на повидок
Шпанецот би можел уште на лето да го направи сензационалниот трансфер и да заигра во Премиер лигата.
Португалскиот стратег на кормилото на Тотенхем, Жозе Мурињо, сериозно размислува во своите редови да го доведе искусниот стопер и капитен на Реал Мадрид, Серхио Рамос.
Шпанецот би можел уште на лето да го направи сензационалниот трансфер и да заигра во Премиер лигата.
Рамос има 34 години, но сè уште игра во врвна форма. За него се заинтересирани и ПСЖ, Јувентус и други клубови.