Братот си ја истепал сестрата во Гостивар, мажот си ја нападнал жената во Карпош, сопругата му извадила нож на сопругот во Тетово

4,339

ПРИВЕДЕНИ КРАДЦИ – На 21.11.2020 во 09.30 часот полициски службеници од ОВР Гостивар во с.Форино, гостиварско ги лишиле од слобода Љ.М.(21) и Х.М.(21), двајцата од с.Форино, поради постоење основи на сомнение дека на поширокото гостиварско подрачје извршиле кривични дела тешки кражби и кражби. По целосно документирање на случајот, против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

КРИВИЧНА ЗА ДИЛЕР НА МАРИХУАНА – СВР Куманово поднесе кривична пријава против Ф.С.С. (31) од Куманово за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. На 09.05.2020 во домот на пријавениот во Куманово, при извршен претрес од страна на полициски службеници, биле пронајдени и одземени дигитална вага и марихуана.






ТЕПАЧКА ВО КАРПОШ – На 22.11.2020 во 01.05 часот било пријавено дека на подрачјето на Карпош бил нарушен јавниот ред и мир со меѓусебна пресметка помеѓу М.М.(32) и 17-годишник двајцата од Скопје. Сочинети се записници за констатиран прекршок по чл.11 од ЗППЈРМ.

ОГРАБЕНА ЦРКВА – На 20/21.11.2020 во с.Горно Ореово, битолско, непознат сторител со употреба на сила влегол во црквата „Света Петка Римјанка“ и одзел пари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

НАПАДНАТ ВО РАДИШАНИ – На 22.11.2020 во 01.15 часот Ф.Д.(22) од Скопје, пријавил дека околу 01.00 часот во нас.Радишани бил физички нападнат од А.С. Се работи на расчистување на случајот.

БРАТ ИСТЕПАЛ СЕСТРА – На 21.11.2020 во 15.40 часот полициски службеници од ОВР Гостивар во Гостивар го лишиле од слобода М.М.(34) од Гостивар, поради тоа што физички ја нападнал неговата сестра. По целосно расчистување и документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

ОШТЕТЕНО ВОЗИЛО – На 21.11.2020 во 22.30 часот А.Ј.(65) од Штип пријавил дека околу 18.05 часот во Штип две лица со тврд предмет му го оштетиле возилото. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

МАЛОЛЕТНИЦИ ВО СТАНИЦА – На 21.11.2020 во Полициска станица Ѓорче Петров од полициски службеници биле приведени осум малолетни лица на возраст од 14 до 17 години, постапувајќи по пријава според која во 21.30 часот на подрачјето на Ѓорче Петров, во близина на угостителски објект, неколку лица со тврди предмети нападнале двајца малолетници, кои биле со уште тројца другари. По целосно расчистување и документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

ПОЖАР ВО ШТИП – На 21.11.2020 во 19.57 часот во СВР Штип било пријавено дека на ул.„Ванчо Прке“ во Штип настанал пожар во објект сопственост на Т.Ш.(63) од Штип, кој бил локализиран од Територијалната противпожарна единица Штип. Извршен бил увид.

ИНЦИДЕНТ ВО БОЛНИЦА – На 21.11.2020 околу 21.50 часот во СВР Тетово било пријавено дека Џ.С.(41) од с.Требош, тетовско, агресивно се однесувал кон вработени во Клиничката болница -Тетово и оштетил стакло. Се работи на расчистување на настанот.

СТРУМИЧАНЕЦ НАПАДНАТ – На 21.11.2020 во 15.30 часот С.Г.(72) од с.Свидовица, струмичко, пријавил дека околу 13.00 часот во с.Свидовица бил физички нападнат од едно лице. Се работи на расчистување на случајот.

ИСТЕПАН ВЕЛЕШАНЕЦ – На 21.11.2020 во 19.45 часот Е.Х.(21) од Велес пријавил дека во Велес бил физички нападнат од едно лице. Се работи на расчистување на случајот.

СОПРУГ СИ ЈА ИСТЕПАЛ СОПРУГАТА – На 21.11.2020 во 19.00 часот било пријавено дека на подрачјето на Карпош, 56-годишен маж од Скопје физички ја нападнал неговата сопруга. Се работи на расчистување на случајот.

НЕ ПОЧИТУВАЛЕ ИЗОЛАЦИЈА – Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против Т.Е.(44) и Л.Т.(42), двајцата од Кочани, за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија”. На 09.11.2020 Т.Е. и Л.Т., иако биле должни да ја извршуват мерката изолација во домашни услови, за што им биле издадени решенија, го напуштиле домот.

СОПРУГА НАПАДНАЛА СОПРУГ – На 21.11.2020 во 10.00 часот во с.Копанчин Дол, тетовско, од полициски службеници од СВР Тетово била лишена од слобода А.Ј.(43), поради постоење основи на сомнение дека по вербална расправија, со остар предмет го нападнала нејзиниот сопруг. По целосно расчистување и документирање на случајот, против неа ќе следи соодветен поднесок.

ПОЖАР ВО ВОЗИЛО – На 21.11.2020 во СВР Скопје било пријавено дека во 23.40 часот на ул.„Фјодор Достоевски“ во Скопје, настанал пожар во патничко возило, сопственост на Ж.М.(53) од Скопје. Пожарот е изгаснат од Бригадата за противпожарна заштита Скопје. Увид извршила увидна екипа од СВР Скопје.

ПОЧИНАТ НА УЛИЦА – На 21.11.2020 во СВР Скопје е пријавено дека околу 22.40 часот на бул.„Борис Трајковски“ во Скопје, во бессознание е пронајден Ф.К.(57) од Косово. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено на обдукција.

(ИЗВАДОК ОД БИЛТЕНОТ НА МВР ОД 22.11.2020)

Поврзани содржини