Опозициската ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение истакна пет причини само од вечерва зошто Филипче до изутрина треба да даде оставка.
„Како прво, денеска имаме 39 мртви од ковид-19. Секој ден бројот на умрени наши сограѓани расте. Второ, дел од овие 39 животи можеби ќе се спаселе, ако не се чека со денови за тестирање и резултати. Трето, дел од овие 39 животи можеби ќе се спаселе, доколку во болниците имаше поголем капацитет. Четврто, нови 1.273 заболени за само еден ден. Петто, денеска 1.273 заразени и 39 мртви, Филипче и Заев не се откажуваат од корона избори во Штип и Пласница“, се вели во соопштението.