Научниците во Австралија збунети – деца развиле антитела на ковид-19 без никогаш да бидат позитивни на вирусот

Фактот дека овие деца биле во можност да го отфрлат вирусот дури и без да покажат позитивен резултат од тестот, сугерира дека тие имаат одредено ниво на имунолошки систем што е во состојба да одговори и ефикасно да се справи со вирусот, без да стане многу лошо - вели педијатарот Шидан Тосиф од Универзитетот во Мелбурн.

1,767

Необичен случај ги изненади научниците во Австралија откако деца на заразени родители со ковид-19 разгиле екстремно ефкасни антитела без никогаш да бидат позитивни на вирусот, пренесува РТ.

Станува збор за петчлено семејство во кое двајцата родители се заразиле со коронавирусот откако биле на свадба во март без своите деца. Една недела по свадбата, мајката и таткото ги развиле првите симптоми, па веднаш целото семејство било тестирано за ковид-19. Но, резултатите покажале дека само родителите се позитивни и покрај близината со нивните деца.






Двата синови, на возраст од девет и седум години, развиле лесни симптоми како течење на носот, а целото семејство повторно било тестирано. И повторно, тестовите на децата биле негативни. Најмалото дете, петгодишно девојче, пак, останало целосно асимптоматско и покрај постојаниот близок контакт со родителите, вклучително и спиење во ист кревет.

Овие резултати ги натерале австралиските научници да побараат од семејството да учествува во истражување. Семејството се согласило, па примероци од крв, плунка, урина, како и брис од нос и од грло биле земени од секој член на секои два до три дена во текот на неколку недели.

Мистеријата продолжила бидејќи со ПЦР тестовите децата постојано биле негативни на ковид-19, а сепак антителата на вирусот биле откриени во плунката на сите членови на семејството. И покрај тоа што никогаш не биле позитивни на коронавирусот, на сите им биле активирани имунитетните реакции до таа мера што се спротивставиле на потенцијалната инфекција или, како што вели мајката Лејла Савенко, вирусот бил уништен пред да се претвори во ковид-19.

– Фактот дека овие деца биле во можност да го отфрлат вирусот дури и без да покажат позитивен резултат од тестот, сугерира дека тие имаат одредено ниво на имунолошки систем што е во состојба да одговори и ефикасно да се справи со вирусот, без да стане многу лошо – вели педијатарот Шидан Тосиф од Универзитетот во Мелбурн.

Истражувачите сега се сомневаат дека децата биле заразени со ковид-19, но нивниот имунолошки систем успеал да постави толку жестока одбрана што вирусот никогаш не се активирал правилно и затоа никогаш не се појавил на тестовите. Истражувачите исто така се сомневаат дека вирусното оптоварување во детските системи може да се намали под забележливите нивоа при ПЦР тестирање благодарение на нивниот силен имунолошки одговор.

Поврзани содржини