Лудорија на Елиф Елмас во Неапол – со автомобил влета во директниот пренос на „Скај“ (ВИДЕО)
Додека новинарот на „Скај Спортс“ одеше во живо со информации за клубот, одеднаш со својот црвен автомобил во кадар влета Елиф Елмас кој очигледно сè уште е под импресии по големата победа против Грузија и пласманот на Европското првенство.
Македонскиот фудбалски репрезентативец, Елиф Елмас, кој беше еден од клучните играчи на Игор Ангеловски во победата на Македонија над Грузија за пласман на Европското првенство, сега го привлече вниманието со еден негов потег од пред тренинг центарот на Наполи.
Додека новинарот на „Скај Спортс“ одеше во живо со информации за клубот, одеднаш со својот црвен автомобил во кадар влета Елиф Елмас кој очигледно сè уште е под импресии по големата победа против Грузија и пласманот на Европското првенство.
Видеото веднаш стана вирално:
Scusate ma è #Elmas quel pazzo che arriva con la macchina rossa? pic.twitter.com/yobjnLx9Ok
— Andrea Barison (@barison_andrea) November 17, 2020