Милчин: Не знае или лаже Захариева?
Ајде, Захариева, справете се најпрвин со сопствениот сталинизам и со традицијата окупациите да ги претставувате како ослободувања. Кого ослободувавте во ЧССР?“, напиша режисерот Владимир Милчин на Фејсбук.
Да ги изедначи Сталин и Тито може само некој дунстер за историја или некој што мисли дека нам ни се испрани мозоците, напиша на Фејсбук режисерот Владимир Милчин.
„Ќе почнам од 48-та кога Сталин и Тито беа на спротивставени страни. Тогаш Тито му кажа НЕ на Сталин, а Бугарија му беше потрчко на Сталин. Тоа што не можеше да го направи со Југославија, СССР го направи со Унгарија 56-та. Во 1968 година бугарската армија ја придружуваше Црвената армија во окупацијата на Чехословачка и во газењето на идејата за социјализам со човечки лик. Сталин беше мртов, но сталинизмот беше жив. Дури и повампирениот Чаушеску одби неговата Романија да учествува во тоа. Ајде, Захариева, справете се најпрвин со сопствениот сталинизам и со традицијата окупациите да ги претставувате како ослободувања. Кого ослободувавте во ЧССР?“, напиша Милчин на Фејсбук.