Македонската фудбалска репрезентација се најде на ногата на Панчо

967

Пласманот на Македонија на Европското првенство во фудбал се најде овековечен на ногата на Панчо од познатото дуо ДНК. Тој ги истетовирал имињата на целиот тим кој го носи дресот на Македонија.

– Кога ќе ти се исполни детскиот сон, моментот мора да се овековечи  Оваа тетоважа ми е една од позначајните кои ги имам на моето тело и сум горд на истата исто толку колку што сум горд и на нашите репрезентативци кои ни ја приуштија оваа неопилива радост. Ни покажаа и докажаа на сите нас како со сплотеност и верба се постигнува успех.






https://www.facebook.com/pancho.shortydnk/posts/10157770215182544

Поврзани содржини