Иванов на плоштад ја слави победата на фудбалерите ФОТО

1,652
Радувај се Македонијо. Браво момци. Денес ја израдувавте Македонија, ја охрабривте и дадовте надеж на Македонија, им честита на фудбалерите поранешниот претседател Ѓорге Иванов за победата над Грузија и пласманот на Европското првенство.





„Вие успеавте да допрете до секој Македонец и да ја направите успешна и радосна Македонија. Денес испишавте историја. Честитки до селекторот Ангеловски, честитки до капитенот Пандев и до целата фудбалска репрезентација на Македонија“, пишува Иванов на Фејсбук кој објави и фотографија од центарот на Скопје каде што заедно со неговиот син вечерва бил дел од славеничката атмосфера.

 

Поврзани содржини