Пратеник одби да носи маска, па го исфрлија од седницата (ФОТО+ВИДЕО)

Згарби беше отстранет од седницата откако тој викаше од своето место без вклучен микрофон за време на дебатата за воведување на национален ден против хомофобијата во Италија.

997

Италијанскиот пратеник Виторио Згарби насила беше изнесен од собраниската седница затоа што одби да носи маска.

Згарби беше отстранет од седницата откако тој викаше од своето место без вклучен микрофон за време на дебатата за воведување на национален ден против хомофобијата во Италија.






Бидејќи тој одбил да носи маска и бил исклучен, Згарби не сакал да замине, па обезбедувањето го извадило насила, пренесуваат италијанските медиуми.

фото: Принтскрин

Згарби тврди дека маската е само изговор да се исфрли од собраниската сала.

– Приложив медицински доказ дека страдам од ринитис веќе 40 години, поради што не смеам да носам маска. Владата и мнозинството во парламентот не толерираат различно мислење. Кога ќе ви го одземат зборот, ќе ве избркаат од парламентот, кое треба да биде место на слобода на мислата и говорот, тогаш тоа е крај на демократијата. Ќе се вратам да кажам што мислам – рече Згарби по исфрлувањето.

Згарби, кој по професија е историчар на уметност, е познат по своето жестоко спротивставување на карантинот и други епидемиолошки мерки, но и по бројните инциденти внатре и надвор од парламентот.

Поврзани содржини