Филипче: Пациенти со ковид-19 ќе се примаат на Кожно и на Неврологија, модуларната болница е полна

474

 

Речиси целосно се исполнети капацитетите на модуларната болница, па сега пациенти со ковид-19 ќе се примаат на Кожната клиника, на Неврологија, како и во Институтот за белодробни заболувања , соопшти денеска министерот за здравство Венко Филипче.






За порастот на бројот на заболени и за бројот на болнички кревети, министерот Филипче вели дека има доволно болнички легла и дека кадарот е подготвен.

– Болнички капацитети има доволно, целиот Клинички центар е во ситуација на мобилизација. Утрово имав состанок со директорите на сите интерни клиники и на списокот се сите лекари и медицински сестри и по потреба ќе бидат ангажирани во дополнителните капацитети. Најпрво со оглед на тоа што капацитетот на модуларната болница е речиси исполнет, на располагање се ставаат Институтот за белодробни заболувања и дополнителни болнички легла во Клиниката за дерматологија и Клиниката за неврологија. Во рамките на другите болници целосно се ослободени интерните одделенија, како и болницата „8 Септември“. Никој од граѓаните нема да остане без здравствена заштита и без услуга. Мерките кои ги предлагаме и кои се изгласани, се сите оние кои важат во цела Европа – рече Филипче.

Министерот за здравство Венко Филипче по денешниот состанок на Советот за безбедност потврди дека министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски е хоспитализиран на Инфективната клиника, дека има температура, но нема компликации во здравствената состојба.

Поврзани содржини