Актерката Мелани Грифит (63) на Инстаграм објави фотографија на која седи на работ од када во бањата во розова долна облека.
Со својот истап, Грифит го поддржа одбележувањето на октомври како месец за кревање на свеста за важноста на борбата против ракот на дојка и за собирање средства потребни за истражување.
Актерката го рекламира брендот за долна облека како удобен и секси, а брендот вети дека ќе исплати дел од приходите од продажбата на организациите кои работат на борбата против ракот на дојка. За секое споделување на статусот на актерката, тие се обврзаа дека ќе уплатат по еден долар.
И Грифит имала рак, карцином на кожа што го победила во 2009 година кога болеста се појавила под нејзиното десно око. Болеста се вратила во 2017 година. По операцијата, таа беше фотографирана со лузна на носот, што многумина погрешно го протолкуваа како уште една во низата естетски операции на кои е склона актерката.
ФОТО: Инстаграм