Свадбарите од Арачиново добија кривични пријави

Државниот пазарен инспекторат исто така најави кривични пријави за угостителскиот објект.

240

Од Министерството за внатрешни работи соопштија дека поднесена е кривична пријава за лица кои правеле свадба во Арачиново.

– На 22 октомври 2020 околу 21.00 полициски службеници од СВР Скопје и инспектори од Државниот пазарен инспекторат извршиле контрола во врска со почитување на мерките за заштита од коронавирус, во угостителски објект во с.Арачиново. Притоа, во објектот се одржувала семејна веселба (свадба), на која биле затекнати 200 лица. Од страна на Државниот пазарен инспекторат и Министерството за внатрешни работи ќе бидат поднесени соодветни поднесоци за непочитување на одлуките ма Владата во врска со ковид-19 – соопшти  МВР.






Министерството за внатрешни работи, во соработка со Државниот пазарен инспекторат, продолжуваат со засилените контроли во објекти во врска со почитување на мерките за заштита од коронавирус.

 

Поврзани содржини