Нов позитивен случај на ковид-19 во Металург, цел тим во 14-днeвна изолација

Поради незаштитен контакт со заразените, целата екипа ќе мора во 14-дневен карантин.

221

Два дена по враќањето од Франција и првиот меч со Тулуз во Европската лига на ЕХФ се појави и втор случај на заразен со ковид-19 во редовите на Металург.

По Мартин Серафимов, сега има уште еден позитивен тест чиј резултат стигнал вечерва, па иако Металург стигна во Богданци каде од 20:30 требаше да го игра мечот со Младост во рамките на новото коло од Суперлигата, истиот е одложен.






Поради незаштитен контакт со заразените, целата екипа ќе мора во 14-дневен карантин. Тоа значи дека Металург ќе побара одложување на мечот со Висла во 2. коло од Европската лига. Веста ја потврди и претседателката на клубот, Блажевска.

Поврзани содржини