Кога родителите избираат име за своето новороденче, обично се трудат тоа да биде единствено или да има некое посебно значење. Еден брачен пар отишол чекор понатаму.
Интернет привајдер во Швајцарија, Twifi, упатил повик до сите новопечени родители, нудејќи 18 години бесплатен интернет на сите кои своето дете ќе го именуваат по него – Твајфијс или Твајфија.
– Едноставно пратете ни фотографија од извод од матична книга на родените на вашето дете. По верификацијата, Твифи ќе ви даде 18 години бесплатен интернет – се вели во огласот. Звучи блесаво, а уште полошо е дека двајца одлучиле ова да го прифатат.
Триесетгодишен брачен пар, кој сакал да остане анонимен, ја крстиле својата ќерка Твајфија. За среќа одлучиле да бидат суптилни, па тоа и е средно име, а не прво име.
Тие рекле дека парите, кои би ги потрошиле на интернет, ќе ги чуваат на страна и откако ќерката ќе наполни 18 години ќе и купат автомобил.
– Сакаме да останеме анонимни за околината, бидејќи не сакаме никому да се правдаме. Многу не погаѓаат обвинувањата дека сме го продале името на своето дете – изјавила мајката.
Извршниот директор на компанијата Твифи, Филип Фош, ветил дека ќе им го плаќа интернетот на ова семејство 18 годинидури и ако Твифи пропадне.