Во Франција се предлага вонредна состојба до 16 февруари 2021 година

259

Во Франција уште неколку департмани следните денови ќе влезат во црвен аларм поради пандемијата со ковид-19,што значи дека и во нив ќе мора да се воведе полициски час, изјави портпаролот на францускатаВлада Габриел Атал.

Тој додаде дека предлогот на владата е да се продолжи вонредната состојба до 16 февруари следната година. Тоа би значело дека владата го задржува овластувањето да го продолжи полицискиот час, што е во сила во поголем број француски градови, вклучително и Париз.






Од саботота во Париз и другите поголеми градови воведен е полициски час од 21 до шест часот, што би требало да е во сила четири недели, а би можел да биде продолжен на шест седмици.

Поврзани содржини