Познатата американска пејачка Хелси покажа драстична промена во изгледот. Младата пејачка сподели видео на социјалната мрежа ТикТок во кое прво ја покажа својата долга коса, а по неколку секунди позираше со избричена глава.
Хелси на својот инстаграм-профил сподели и фотографија од својата нова фризура.
„Време е за капи“, напиша таа под фотографијата.
„Најубава“, „Прекрасно“, „Како си толку убава? “, „Изгледаш прекрасно“, „Кралица“, се само дел од коментарите на воодушевените обожаватели.
Хелси инаку е склона кон драстични промени во изгледот, а фановите се согласуваат дека на убавата пејачка добро ѝ стојат сите фризури.
ФОТО: Инстаграм