Украдени цевки за кислород од болница во Русија, пациентите префрлени на интензивна

На системот за снабдување со кислород се приклучени 150 од 200 болнички кревети, а поради кражбата, пет пациенти на кои постојано им требало кислород биле префрлени на интензивна нега во друго одделение.

350

Од една болница во Русија украдени се 13 метри бакарни цевки, кои снабдувале со кислород пациентите со коронавирус.

Цевките се украдени во рускиот регион Чита, во реонот Бајкал, каде здравствените власти објавија дека во понеделникот вечерта, уредите за вештачко дишење сигнализирале дека нагло паѓа притисокот во системот.






На системот за снабдување со кислород се приклучени 150 од 200 болнички кревети, а поради кражбата, пет пациенти на кои постојано им требало кислород биле префрлени на интензивна нега во друго одделение.

Системот за снабдување со кислород се санира, а полицијата трага по крадецот.

Поврзани содржини