Дечев: Шансите за преговори се 50:50, главни виновници се неефикасноста на Комисијата и политичката криза во Бугарија

Рекциите во Бугарија по последната средба на историчарите по која не беше постигнат напредок ги пренесува аналитичарот Дечев. Вели, тврдата позиција на бугарската влада делумно се должи и на политичкиот контекст.

1,015

Мешовитата комисија за историски прашања не испорачува резултати и тоа е причината за нервозата и поставените рокови од официјална Софија. Перцепцијата во Бугарија е дека Договорот за добрососедство не се почитува од македонска страна, а проблемот не е само Гоце Делчев, туку толкувањето на заедничката историја, објави Сител.

Рекциите во Бугарија по последната средба на историчарите по која не беше постигнат напредок ги пренесува аналитичарот Дечев. Тој вели, тврдата позиција на бугарската влада делумно се должи и на политичкиот контекст.






– Тоа веќе може да е поврзано со предизборието. Ние најдоцна до март ќе имаме парламентарни избори, ако не и порано. Но во исто време треба да кажеме дека тоа се должи на оценката дека Комисијата не работи и досега не завршила никаква работа – вели Девчев.

Во медијаторска мисија во Бугарија оди и поранешниот премиер Љубчо Георгиевски. Дечев оценува дека ова е добар чекор, од кој може да зависи и дали ќе има вето во декември.

– Познато е дека поранешниот премиер Љубчо е добар пријател на Бугарија. Јавно во македонските медиуми застапувал позиции за историјата и за минатото кои се доста блиски со позициите кои ги застапува бугарската влада. Сега сме поблиски отколку пред 20 години, а со Договорот за добрососедство сме на добар пат – вели бугарскиот аналитичар.

– Вие гледате, имаше и изјави пренесени во македонските медиуми, вклучително и на европратеникот од Бугарија Андреј Ковачев, дека и македонскиот јазик и македонската нација денес се реалност. Тоа пред 20 години од Бугарија не можеше да се чуе. Од друга страна и премиерот Заев изјави дека Гоце Делчев е заеднички херој. Значи поминавме одреден пат. И подобро е со тој Договор и со таа Комисија, отколку без нив – објаснува Девчев.

Бугарскиот аналитичар прогнозира дека шансите за вето се 50-50, оценувајќи дека сега е многу тешко да се предвиди дали Бугарија ќе дозволи старт на преговорите во декември.

Поврзани содржини