Ласовска: Ќе гласаме за овој ребаланс, ако се прифатат нашите 170 амандмани
Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ рече и дека треба да се вложи во здравствениот сектор за да не ни одат здравствените работници од државен во приватен сектор.
Ќе гласаме за овој ребаланс на Буџетот само ако се прифатат нашите 170 амандмани, рече во својата реплика на деискусијата на Сања Лукаревска, Благица Ласовска од ВМРО-ДПМНЕ во комисијата за финансирање и буџет.
– Амандманите не се ништо друго туку вашите ветувања кои не ги реализиравте во изминатиот период – рече Ласовска.
Таа рече и дека треба да се вложи во здравствениот сектор за да не ни одат здравствените работници од државен во приватен сектор.
– Нашите експерти од економијата веќе кажаа дека решението е во инвестирањето во секторот.Да им се зголемат платите, да се укине персоналниот данок, да им се овозможи да напредуваат во кариерата, да се обезбеди да бидат почитувани – рече Ласовска.