Бременост во карантин: Пејачката откри дека е бремена на 39 години ФОТО

715

Пејачката Кели Роланд објави дека го чека своето второ дете со сопругот Тим ​​Ветерспун, а веќе го имаат петгодишниот син Титан.

Поранешната членка на женскиот бенд „Дестини чајлд“, ги воодушеви обожавателите со оваа прекрасна вест во низата фотографии за списанието „Женско здравје“.






Кели (39) ја објави веста на насловната страница на последниот број на „Женско здравје“ „Womens Health“, каде го откри својот труднички стомак.

Во интервјуто, пејачката откри дека забременила мошнебрзо по воведувањето на епидемиолошки мерки.

– Разговаравме за тоа, а потоа се случи ковид-19 и потоа размислувавме што ќе правиме понатаму – рекла таа.

На почетокот, Кели се двоумела дали да ја објави бременоста, но сфатила дека, сепак, сака да ги потсети луѓето дека животот е важен.

– Ќе полнам 40 години во февруари и многу ми значи тоа дека можам да имам дете. Грижата за себе многу ми значи – вели пејачката.

 

Kelly Rowland 4.jpg

ФОТО: Инстаграм/Википедија

Поврзани содржини