Стартува иницијативата за намалување на дискреционите овластувања на функционерите

планирано е формирање на работна група која ќе ги анализира законите и прописите кои овозможуваат вакви овластувања за функционерите.

228

Владата денеска ја разгледа и ја усвои Информацијата за потреба од формирање на работна група за анализа на законите и другите прописи во кои се предвидуваат дискрециони овластувања на функционерите, како и Информацијата за координативни активности помеѓу институциите во системот за борба против корупцијата.

Двете информации се на предлог на заменик-претседателот на Владата задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси и институциите во системот за борба против корупција






„Владата ги задолжува Министерството за внатрешни работи, Министерството за правда, Управата за финансиска полиција, Управата за финансиско разузнавање, Управата за јавни приходи, Царинската управа и Инспекцискиот совет, во рок од 10 дена, до Кабинетот на заменик-претседателот на Владата, задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, во електронска или пишана форма да достават анализа која ќе биде сочинета од деловите наведени согласно содржината на оваа информација и од која треба да произлезат предлози за подобрување на законската рамка, но и фактичките услови за работа на антикорупциските институции“, соопшти владата.

Поврзани содржини