Музичарите и диџеите го „закопаа“ ноќниот живот и му објавија некролог (ФОТО)

477

На социјалните мрежи кружи онлајн-некролог кој има натпис – Од вечно ужалените Музичари и Диџеи, а му е посветен на ноќниот живот во земјава, и тоа откако се донесе одлука да се забрани настапот на артистите и да се контролира јачината на музиката која ќе биде пуштана во кафулињата. Клубовите и дискотеките и понатаму остануваат затворени за работа.

– Почитувани на 4.10.2020 година по долги несогласувања со режимот битката ја загуби нашиот драг урбан ноќен живот. Погреб нема, но следуваат денови на жалост – пишува во некрологот.






Од вечно ужалените Музичари и Диџеи 🙏Sure Shotz

Vladimir Blazev 发布于 2020年10月5日周一

Поврзани содржини