ЛУКСУЗИРАЊЕ Само кујната на РЕК „Осломеј’ ќе „испие“ пијалоци и кафе за 500.000 денари?!

693

Судејќи според огласот за јавна набавка број 13892/2020, ојавен од Бирото за јавни набавки на Министерството за финансии, за потребите на ЕСМ (Електрани на Северна Македонија, поранешно ЕЛЕМ), за „пијалоци и средства за кафе-кујна“ само за РЕК „Осломеј“, ќе бидат потрошени 500.000 денари.






Опозициската ВМРО-ДПМНЕ често обвинува дека ЕЛЕМ и РЕК „Битола“ се пералници на пари, но навистина зачудува податокот како е можно толку многу пари да се потрошат само за кафе и пијалоци за кујната на термоцентралата „Осломеј“. Не е сосема јасно што значи и она „втор пат“, односно дали станува збор за втора набавка.

Да потсетиме дека сме среде голема здравствена и економска криза и ваквите лукси=узирања навистина се неразбирливи.

Поврзани содржини