Дескоска за фотографиите на кои Јанкулоска е со лисици на рацете: Повреда на нејзиното достоинство и будење на ниски страсти
Јас не гледам јавен интерес во објавување на слики на лице лишено од слобода со лисици на рацете. Но гледам повреда на нејзиното достоинство и будење на ниски страсти кај публиката, напиша на Фејсбук Рената Дескоска за фотографиите на поранешната министерка за внатрешни Гордана Јанкулоска со лисици на рацете.
– Правилото „око за око, заб за заб“ не е правило врз кое треба да се заснова демократски систем кој ги почитува човековите права. Тоа значи дека демократска држава не спроведува мачење како казна на некој што мачел, или не извршува силување врз некој што силувал. Општеството не смее да се симне на нивото на криминалецот. Лошите пракси не смее да се применуваат, дури ни над оние кои ги применувале некогаш.Човекови права за сите без исклучок – напиша Дескоска.
Јас не гледам јавен интерес во објавување на слики на лице лишено од слобода со лисици на рацете. Но гледам #повреда на…
由 Рената Дескоска 发布于 2020年9月30日周三