Груевски: Нема правда во Македонија, Заев брутално вршеше притисок Гордана Јанкулоска да ја спроведат во затвор
Нема правда во Македонија. Неправдите растат секојдневно. Ги има многу и се повеќе а дел од нив е и политичкиот прогон кој не запре и оваа есен доби нова динамика, пишува Никола Груевски на Фејсбук.
„Власта на чело со Заев е во параноично-пародичен поход и обид да креира едно привидно чувство и престава дека правдата некого стасала. Тоа започна одкако претходно одбра една поголема група на луѓе за политички прогон, заради чија професионална, посветена и успешна работа, тој и неговата партија беа цели 11 години инфериорни и во опозиција, а дојдоа на власт со крајно нечесни методи. И заради чии чесен однос кон најважните национални прашања денес тој е доживеан како антипод на една праведна национална борба за името, идентитетот и историјата. Нивното време на владеење го потсетува и обелоденивњето на неговите методи на барање поткуп во градот каде беше градоначалник, што јавноста го виде“, пишува Груевски на Фејсбук.
И да потсетам, додава Груевски. вистината е како шило, ќе оди лево, десно, напред, назад но на крајот ќе исплива на површината.
„Но, ова што сега се прави и суди не е вистината. Заев се лаже ако мисли дека со овие изнудени и диригирани пресуди, со злоупотребата на моќта, дека ќе му помогне тоа што тој го замислил и искреирал да биде вистина во ситуација кога не е. Тој е влезен во лош филм дека доволно долго ќе владее за се што наумил да го забетонира како вистина. Кршлив му е тој бетон каде лагата, уцената и измамата се преставува како вистина. Ќе пукне еден ден, а тој ќе се срами од злоделата кои ги прави и ќе одговара за тоа, откако многу луѓе ќе проговорат со што се соочувале“, пишува Груевски.
Тој ја коментира и денешната пресуда во случајот „Насилство во општината Центар“.