Проблеми за Милан, Ибрахимовиќ е позитивен на ковид-19

Вечерва „росонерите“ повторно имаат обврски во Лигата на Европа и тоа против Бодо/Глимт.

254

Дефанзивецот на Милан, Лео Дуарте синоќа беше позитивен на коронавирусот, па клубот реши одново да ги тестира сите фудбалери.

По добиените резултати, позитивен на ковид-19 е и лидерот на тимот Златан Ибрахимовиќ, јавуваат италијанските медиуми. Ова се лоши вести за Милан, кој одлично ја почна сезоната со победа против Шамрок Роверс од 2-0, а со истиот резултат ја совлада и Болоња во Серија А.






Швеѓанецот беше стрелец на три од вкупно четири гола.

Вечерва „росонерите“ повторно имаат обврски во Лигата на Европа и тоа против Бодо/Глимт.

Поврзани содржини