Марковски: Треба да се формира посебно владино тело кое самостојно ќе носи одлуки за справување со ковид-19

За новите потенцијални мерки кои денеска се најавија од страна на министерот за здравство, доктор Марковски вели дека до сега однесувањето беше како по шведскиот модел, па не гледа некоја разлика во однос на мерките кои беа претходно.

1,378

Новиот член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, професорот Вело Марковски смета дека најдобро решение за справување со коронакризата е посебно владино тело од 4-5 доктори експерти во оваа област  кое самостојно ќе носи одлуки и нема да биде советодавно тело како што е сега комисијата за заразни болест.

Според него во земјава нема сериозно тело за стравување со пандемијата.






– Комисијата е советодавно тело на министерот за здравство, а тој има неколку комисии кои му даваат совети, во овој случај тој ги прифаќа нивните мислења, но сепак таа Комисија има советодавна улога – рече тој.

Тој смета  дека  иако оваа пандемија е една војна, постои индиферентност на властите во врска со состојбата со коронавирусот, како и тоа дека бил критички настоен кон  одредени одлуки на државата во врска со коронакризата, затоа што не сметал дека доволно се пренесува науката.

– Кога сме во војна нам не ни требаат дополнителни поделби, ни требаат обединувања за да не дојдеме за неколку месеци да Владата се огради од некои мислења на Комисијата за заразни болести – рече Марковски во изјава за ТВ Сител.

За новите потенцијални мерки кои денеска се најавија од страна на министерот за здравство, доктор Марковски вели дека до сега однесувањето беше како по шведскиот модел, па не гледа некоја разлика во однос на мерките кои беа претходно.

Марковски рече дека  му е чест што е дел од највисокото тело на ВМРО-ДПМНЕ и му е задоволство што ВМРО-ДПМНЕ ја проценила неговата стручност и помош во една ситуација на пандемија.

– Господинот Мицкоски процени и ја ценеше мојата стручност дека можам да помогнам и треба да помогнам, јас тоа го прифатив, затоа што чест е да се биде дел од највисокото тело на ВМРО-ДПМНЕ и да пробаме преку политиката да помогнеме повеќе во оваа состојба рече Марковски.

 

 

 

Поврзани содржини