Голема тепачка во Струмица: Биле на судење, па се грабнале за гуша ВИДЕО

1,132

Повеќе лица учествувале во физичка пресметка на тротоарот пред влезот во Основниот суд во Струмица, претпладнево околу 10 часот, јави Сител. 

Струмичката полиција информира дека веднаш интервенирале полициски службеници и било спречено натамошно нарушување на јавниот ред и мир, а против насилниците ќе има соодветни поднесоци.






Пресметката ја потврдија и од Основниот суд во Струмица.

Според портпаролката на судот, Мариета Дуќиќ, инволвираните во тепачката претходно биле на судење, а инцидентот се случил надвор од судската зграда, на тротарот пред влезот.

 

 

Поврзани содржини