Германската амбасадорка порачува: Во интерес на Бугарија е да не го блокира проширувањето на ЕУ во овој регион
Билатералните проблеми не треба да бидат дел од преговарачката рамка за проширување на ЕУ, вели германската амбасадорка во земјава, Анке Холштајн во интервју за Слободна Европа.
Германија е земја претседавач со Унијата.
– Во делот на политиката за проширување, навистина одржувањето на првата меѓувладина конференција, односно официјалниот старт на разговорите за проширување со Северна Македонија е нашата голема цел која е заедничка цел и на Германија и на Северна Македонија. Треба во рамките на Европската унија да се договориме во однос на преговарачката рамка за која моментално се дискутира во Брисел, кога ќе се постигне договор за тоа, може да дадеме и датум за првата меѓувладина конференција и се надеваме дека тоа ќе се случи во декември – вели Холштајн.б
На прашање како ги коментирате информациите од Брисел за опструкции од страна на Бугарија во однос на одредени прашања, пред сè прашањето за македонскиот јазик и малцинство кои бараат да се вметнат во поглавјето 35. Бугарија достави и меморандум на шест страници со нивните барања до земјите членки на Унијата и може ли тоа да значи ново вето за евроатланските интеграции на Македонија амбасарорката одговара:
– Бугарија ги има кажано овие барања на другите земји членки на почетокот на август. Ние и според моите сознанија сите други земји членки се на мислење дека билатерални проблеми не треба да се ставаат во преговарачката рамка и дека билатералните проблеми треба да се решаваат билатерално.
Бугарија секогаш беше голем поддржувач на европското придвижување на регионот, вклучувајќи ја и Северна Македонија. Во суштински интерес на Бугарија е да не се блокира процесот за проширување на Европската унија во овој регион.