Фондацијата „Никола Јанчев“ денеска ги исплати третите по ред стипендии на добитниците од последниот јавен повик за стипендирање на талентирани студенти, информираа попладнево од Фондацијата.
– Стипендиите свечено беа доделени на 19 декември 2019 година. Единаесет студенти оваа година ќе добиваат стипендии кои ќе им помогнат безгрижно да го продолжат своето образование. Фондацијата „Никола Јанчев“ повеќе од две години, два пати годишно ги насочува своите средства онаму каде што е најпотребно – нагласија оттаму.