ВМРО-ДПМНЕ: Маричиќ ќе ги ревидира одлуките на татко му и на сопругата?!

1,520

Дали Маричиќ ќе треба да ги ревидира одлуките на својот татко и на сопругата, на нивни колеги и познаници, праша денеска ВМРО-ДПМНЕ.

„Се тресеше гората, се роди глушец. Маричиќ денеска најави дека ќе се врши ревизија на дури 5% од судските случаи. Кој кого ќе ревидира и како? Не може СДСМ кои се проблемот за корумпираноста на судството да бидат решение. Случаите против Зоран Заев, се класичен пример за одолговлекување на предмети и нивно држење во фиока, но и за аматеризам во правото“, се наведува во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ.






-Дали Маричиќ ќе го ревидира процесот против Заев кого цела јавност го виде како бара „евро за Вицето, евро за црквата“, а остана неказнет и сега е премиер?! Дали ќе се ревидира постапката за аболиција на Заев за криминал од 8 милиони евра, постапката против Боро Марлборо, кој беше фатен како шверцува цигари, а е осуден условно?! Или кога е СДСМ во прашање нема да има ревизија. Секако дека ниту еден од овие предмети, каде има еклатантна корупција нема да биде предмет на ревизија, затоа што се додека Заев е премиер и правдата ќе биде гнила. Заев е изворот на корупцијата, на кого не му одговара ред и правда. На Заев му одговара неправда – се наведува во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ.

Оттаму порачуваат дека мафијата, криминалот и владата кои, како што велат, се едно исто во Македонија, мора да паднат.

 

Поврзани содржини