Ќе се реконструира специјализираната болница во Отешево
Трите павиљони кои се планирани за обнова располагаат со капацитет од 72 болнички кревети, оддел за интерна медицина и оддел за физикална медицина.
Министерот за здравство, Венко Филипче денеска најави реконструкција на Специјализираната болница за превенција, лекување и рехабилитација на хронични, респираторни, неспецифични и алергиски лекувања во Отешево.
– По четири децении оваа установа добива поддршка за реновирање и наскоро ќе започне процесот на обнова – рече министерот Филипче кој денеска ја посети болницата по повод 40 години од нејзино отворање.
Според податоците на мминистерството за здртавство во оваа болница годишно се лекуваат околу 1.000 болнички пациенти, 1.300 амбулантски пациенти и стотина пациенти во дневната болница.Со нив работат двајца доктори по физикална медицина и рехабилитација, пулмо-алерголози, доктори по интерна медицина, како и по еден доктор на специјализација по интерна медицина и доктор на медицина.
Трите павиљони кои се планирани за обнова располагаат со капацитет од 72 болнички кревети, оддел за интерна медицина и оддел за физикална медицина.