Турист земал песок од плажа во Сардинија, добил казна од 1.000 евра ФОТО

969

На еден француски турист му било наредено да плати казна од 1.000 евра откако во неговиот багаж се обидел од Сардинија да однесе повеќе од два килограми локален песок, пренесува „Индекс.хр“.

Идиличниот бел песок на италијанскиот остров е заштитен, а туристите се соочуваат со парични казни, па дури и со затвор, поради неговото „крадење“ од локалните плажи.






Неименуваниот Французин бил приведен на аеродромот „Каљари Елмас“ на 1 септември откако кај него биле пронајдени шишиња во кои имало два килограми песок, пренесува Си-ен-ен.

Шишињата со песок се запленети и се наоѓаат во локалната полициска станица каде што во текот на годината се собираат големи количини на песок кој туристите се обидуваат да го понесат со себе дома.

На Сардинија во 2017 година беше воведен локалниот закон со кој се забранува земањето на песок од плажите на островот.

Казните за кршење на тој закон се движат од 500 до 3.000 евра, во зависност од земеното количество на песок, односно од местото од кое е украден.

Законот е воведен се поради сѐ почестите и попроблематични инциденти на туристите со себе дома да понесат песок. Лани полицијата пронашла веб-страница која песокот од плажите на Сардинија го  продава како сувенир.

Јавноста исто така е повикана да се јави на властите ако види турист како зема песок.

ФОТО: Instagram

Поврзани содржини