Почнаа прегледите на клиниките, по 15 септември има по некој слободен термин

Прегледите почнаа со засилени мерки, носење маски и држење дистанца во чекалните, поради епидемијата со ковид-19, а затоа и прегледите траат по 30 минути. Има уште по некој слободен термин за преглед по 15. септември, зависи кој специјалист се бара. 

397

По повеќе од пет месеци, под заштитни маски и со дистанца во чекалниците, денеска почнаа прегледите на пациентите на клиниките и во болниците, со тоа што ќе траат по 30 минути а не по 20 како што беше досега, поради мерките за предострожност во епидемијата со коронавирусот.

Хронично болните и други пациенти од изутрина можеа да ги направат редовните прегледи на здравствената состојба, но да и другите дијагностички процедури, коишто во изминатиот период беа резервирани само за итните пациенти. Сите мораа да носат заштитни маски на лицата, а се настојуваше да ја држат и минималната дистанца од 1,5 метар. Но старата навика, стоење во редица еден позади друг, почна повторно во некои чекалници, по што пациентите беа веднаш опоменувани од  здравствените работници.






Надлежните во системот Мој Термин велат дека до денес напладне никој не пријавил дека има проблем со упатите.

– Прегледите почнаа со засилени мерки, носење маски и држење дистанца во чекалните, поради епидемијата со ковид-19, а затоа и прегледите траат по 30 минути. Има уште по некој слободен термин за преглед по 15. септември, зависи кој специјалист се бара. До 10. септември лекарите од клиниките и болниците треба да ги креираат и термините за октомври, по што ќе продолжи закажувањето – велат во Мој Термин.

 

Поврзани содржини