Сара Хардинг (38), членка на женскиот бенд „Грлс алауд“ ги извести обожавателите дека ѝ е дијагностициран рак на дојката, и откри дека нејзината состојба се влошила и дека карциномот се проширил на другите органи.
„Здраво на сите, се надевам дека се чувате во овие небезбедни времиња. Не сум се огласила долго време, но сега е време да ви кажам што се случува со мене. Не постои лесен начин да го кажам ова и воопшто не се чувствувам добро што го пишувам ова, но вака стојат работите. На почетокот на годината, ми дијагностицираа рак на дојката. Исто така, добив лоша вест дека малигните клетки се рашириле и на другите делови на телото. Во моментов сум на хемотерапија, одам секоја недела и се борам против оваа болест колку што можам“, напишала Сара на Твитер.
Сара напиша дека има голема поддршка и нега од мајка ѝ и пријателите и дека им верува на своите лекари.
„Ве молам, почитувајте ја мојата желба за приватност“, напишала Сара, а нејзините обожаватели го коментирале нејзиниот пост со пораки за поддршка.
Откако ги објави тежните вести, нејзините поранешни колешки од групата, меѓу кои и Шерил Кол, шокирани напишаа дека ја поддржуваат и сакаат да ѝ помогнат во тешката борба.
ФОТО: Инстаграм