Села на средба со претставници на Самоопределување во Струга

848

Лидерот на Алијансата за Албанците Зијадин Села вчера се сретнал со високи претставници од Движењето Самоопределување од Косово. Села во Струга се сретнал со Беким Ќоку, член на Генералниот совет на Самоопределување, Глаук Коњуфца и Мефаил Бајќинофцин.

Според порталите на албански, на средбата се разговарала за соработка меѓу Алијансата и Самоопределување.






Неодамна косовски медиуми информираа дека Самоопределување ќе дејствува и во Македонија и тоа преку претставници на Алијансата за Албанците. Од Алијансата тогаш не ја потврдија информацијата дека преку нивни членови Самоопределување влегува во Македонија, но напоменаа дека Алијансата и Самоопределување, односно Села и лидерот на косовското движење Албин Курти одлично соработуваат и дека дејствувањето на косовската партија во земјава би било ветер во грбот на тукашните опозициски партии на Албанците.

Поврзани содржини