Експериментален концерт во Лајпциг, ќе се утврдува ризикот од ширење на ковид-19
Публиката на концерот ќе има уреди кои ќе овозможат следење на нивните контакти, додека сензори на кровот на салата ќе собираат и евидентираат податоци за движењето на посетителите.
Во германскиот град Лајпциг вечерва ќе биде спроведен необичен експериментален концерт, од кој научниците ќе дојдат до сознанија како се однесува публиката и колкав е ризикот од ширење на ковид-19 на големи собири.
На експерименталниoт концерт ќе настапи германскиот поп пејач Тим Бенџко, а научниците од Универзитетската болница во Хале треба да утврдат дали треба да се дозволи голем број луѓе во концертните сали и на фудбалските стадиони за време на пандемијата со ковид-19.
– Сакаме да утврдиме колкав е бројот на контакти помеѓу посетителите на концертите -изјави раководителот на студијата Стефан Мориц.
Публиката на концерот ќе има уреди кои ќе овозможат следење на нивните контакти, додека сензори на кровот на салата ќе собираат и евидентираат податоци за движењето на посетителите.
Сите во публика ќе имаат флоресцентно дезинфекциско средство, а по концертот, со помош на УВ лампа ќе се утврди кои површини силно светат, што ќе значи дека посетителите многу често се допирале.
Во експериментот ќе учествуваат 2.210 луѓе, што е многу помалку од очекуваните 4.000 волонтери.
Доброволците пред концертот ќе мора да достават негативен резултат на ковид-19, а за време на концертот ќе носат заштитни маски ФФП2.
Резултатите од студијата се очекуваат во октомври.