Поранешната златна двојка на Холивуд, Бред Пит (56) и Џенифер Анистон (51) ќе учествуваат во заеднички проект по цели 19 години. Најголемите обожаватели се сеќаваат на моментот кога Пит се појави во хумористичната серија „Пријатели“ во 2001 година, а гледачите наскоро ќе уживаат во уште еден „деликатес“.
Овој пат станува збор за виртуелна манифестација „Feelin ‘A live“, поточно читање на сценариото на легендарниот тинејџерски филм од 1982 година „Fast Times at Ridgemont High“. Комичарот Дејн Кук собрал некои од најголемите светски имиња во светот на актерството – Џими Кимел, Морган Фримен, Шија ЛаБуф, Метју Меконахи и Џулија Робертс.
Ќе се појави и легендарниот Шон Пен, кој исто така го прослави горенаведениот филм. Бројни обожаватели најмногу се радуваат на податокот дека Џенифер и Бред повторно ќе се „сретнат“.
„Го чекав ова со години. Бред и Џенифер повторно заедно. Анџелина ќе направи хаос. Јас сум многу среќен, а и остатокот од поставата е одличен“, се само некои од коментарите на Твитер.
Настанот ќе се одржи во ноќта од петок кон сабота во 2 часот по полноќ по наше време, а можете да го следите на Facebooku на организациајта CORE.
FOTO: Instagram