Арсовски: Знае ли Заев колку болници и градинки би се реновирале со 21 милион евра дадени на струмичката Агенција за обезбедување?

Портапролот на ВМРО-ДПМНЕ тврди дека приватната агенција за обезбедување од Струмица добила тендери во висина од над 21 милион евра за само 2 години.

608

Колку болници можеа да се реконструираат и изградат со парите што ги земаа СДСМ и Заеви преку струмичката агенција за обезбедување праша денеска ВМРО-ДПМНЕ. Партијата се сомнева дека 21 милион евра од тендерите кои ги добива од државни инстоитуции, општини и универзалниот смандувач со струја,  Агенција за обезбедување со струмички сопственик се поделени со семејството Заеви.

– Свесни ли се колку градинки и училишта, каде што учат деца, ќе се реновираа и изградеа нови со овие 21 милион евра кои што легнаа во џебот на една фирма, односно го поделија профитот Заеви? Свесни ли се дека со 21 милион евра ќе се купеле десетици и десетици болнички возила кои секојдневно недостасуваат, а СДСМ ги ветуваше пред да дојде на власт? Дали господата од семејството Заеви за чии привилегии граѓаните плаќаат повисока електрична енергија знаат дека со над 21 милион евра ќе можеле да пратат стотици граѓани на лечење во странство меѓу кои и деца? Со 21 милион евра може да се набројат уште стотина работи кои можат да гоподобрат животот на граѓаните или пак да спасат нечиј живот, бидејќи тоа сепарите на граѓаните, но очигледно алчноста и криминогените дејанија
преовладуваат во СДСМ и кај Зоран Заев и кај неговото семејство, коишто делат вакви профити, па поважен му е личниот џеб, отколку граѓаните.- праша портпаролот на партијата Димче Арсовски.






Поврзани содржини