Наместо во домашна изолација, тркнал до Австрија

Велешанец пак, заработи кривична пријава, бидејќи организирал свадба во дворот од неговата куќа.

598

Педесетгодишен жител М.С. на кумановско Лопате, и покрај изречената мерка лекување и изолација во домашни услови, заминал за Австрија, информира полицијата.

Велешанец пак, заработи кривична пријава, бидејќи организирал свадба во дворот од неговата куќа.






„СВР Велес поднесе кривична пријава против Р.Д.(41) од Велес, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. На 08.05.2020, во периодот од 12.30 до 17.30 часот на улица Богдан Каракостев пријавениот, и покрај прописите донесени со Одлука на Влада, организирал свадба во дворот од куќата, каде биле присутни повеќе лица“, информираат од МВР.

И ресенчанка со нејзината малолетна не ја почитувала самоизолација, што било контатирано кога полицајци отишле во контрола во нивниот дом.

„Кривична пријава против А.М.(32) од Ресен, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. На 19.07.2020, при контрола од полициски службеници пријавената, заедно со нејзината малолетна ќерка, не биле затекнати во домот. Малолетничката на 19.06.2020 била тестирана од страна на Државен санитарен инспекторат и била позитивна на ковид-19, по што ѝ било издадено решение за изолација во домашни услови, сѐ до добивање на два последователни теста со негативен наод, а во моментот кога е извршена контролата таа немала добиено решение со кое престанува самоизолацијата“, соопшти МВР.

Поврзани содржини