ССМ: Минималната плата е 14.934 денари од 1 јули

Од Синдикатот изразуваат надеж дека зголемувањето на минималната плата ќе биде основа за скалесто зголемување на сите плати на работниците.

248

Сојузот на синдикати на Македонија потсетува дека од 1 јули минималната плата изнесува 14.934 денари без вклучени додатоци и надоместоци на плата кои треба да се пресметаат согласно колективните договори.

Од синдикатот бараат надлежните институции да реагираат и да ги казнат работодавачите кои нема да исплатат минимална плата со надоместоци и додатоци на плата.






– За сите оние газди за кои нема да бидат преземени соодветни мерки и ќе бидат скриени од надлежните институции, како за исплатата на минималната плата, така и за исплатата на финансиската поддршка од државата, по пријава  на работниците, ССМ ќе поднесе кривични пријави по член 166 од Кривичниот законик против секој еден алчен газда, во името на работниците потади тоа што името и презимето на секој еден работник кој ќе се обрати до ССМ е Сојузот на синдикати на Македонија – велат од ССМ.

Од Синдикатот изразуваат надеж дека зголемувањето на минималната плата ќе биде основа за скалесто зголемување на сите плати на работниците.

 

Поврзани содржини