Пејачката и актерка Деми Ловато (27) и актерот Макс Ерик (29) ја започнале врската пред само пет месеци.
Пејачката ја потврди среќната вест споделувајќи симпатична фотографија на Инстаграм, на која таа и Ерик се бакнуваат прегрнати на плажа.
Едната снимка го покажува одблиску нејзиниот импресивен дијамантски свршенички прстен.
Ловато рекла дека сега ќе „биде партнерка на некој друг“ и додаде дека знаела дека го сака својот свршеник „од моментот кога го запознала“.
Таа рекла дека е „почестена“ што ја прифатила неговата понуда и ја сподели својата возбуда за засновањето семејство и започнувањето живот со Ерик.
„Кога бев мало девојче, татко ми секогаш ме нарекуваше негов „мал партнер“, тоа е нешто што би можело да звучи чудно доколку тој не го изговореше со неговиот каубојски акцент. За мене, имаше совршена смисла. И денес тој збор има смисла повторно, но денес официјално ќе бидам партнер на некој друг“, напишала таа.
Деми Ловато неколкупати се бореше со зависностите од алкохол и дрога, а пред неколку години, за малку ќе го изгубеше животот од предозирање.
Деми штотуку направи документарец за нејзиниот живот „Simply Complicated“ во кој зборува за нејзиниот живот, кариера, детство, психички проблеми и врски.
FOTO: Instagram