Филипче: Во август ќе почнеме да се подготвуваме за есен

Во рамки на подготовките, Филипче најави и надградување на лабораториите во сите градови за брзи тестови, како и зајакнување на медицинскиот персонал со млади лекари.

1,230

Подготвен е планот за надградување на капацитетите на болниците за есенските месеци, а тоа значи дека секоја од 16-те болници ќе добие монтажна амбуланта и мини одделение, каде што ќе бидат сместени пациентите без ковид19 и кои ќе бидат целосно физички одделени од пациентите болни од ковид-19, изјави министерот за здравство Венко Филипче за Канал 5.

Тој истакна дека на почетокот на август ќе започне да се подготвува ГОБ „8-ми Септември“ со цел постепено да се враќа и другата патологија што вообичаено се третира во оваа болница. Како што додаде министерот, на тој начин нема да се создаваат долги листи на чекање.






Во рамки на подготовките, Филипче најави и надградување на лабораториите во сите градови за брзи тестови, како и зајакнување на медицинскиот персонал со млади лекари.

– Се надевам дека нема да има нов бран, но ние мора да се подготвуваме, во таа насока е и надградувањето на лабораториските капацитети во секој град за брз PSR тест и во текот на вчерашниот ден имавме состанок со младите лекари коишто добија лиценца за работа минатата недела. Тие треба да почнат со работа, согласно измената на Законот да добијат платено загарантирано работно место, дел од нив веќе покажаа интерес да бидат дел од тимовите во инфективните одделенија и клиники и паралелно на сето тоа почнуваме и процес на обезбедување финансии за нивно трајно вработување. Ова е план кој означува зајакнување и на инфраструктурата, и на медицинската опрема, како и на лабораториите и на кадарот – истакна Филипче.

Поврзани содржини