Кавани ќе му биде соиграч на Алиоски?

Тој има одлична физичка конструкција за да се адаптира тука - вели Радрицани.

271

Англискиот фудбалски клуб Лидс, каде што игра и нашиот репрезентативец Езѓан Алиоски, следната сезона би можел да се „поднови“ со ултра напаѓачка ѕвезда.

Засега, како што пишуваат англиските медиуми, во игра се две имиња: Златан Ибрахимовиќ и Едисон Кавани, иако, како што наведува сопственикот на клубот, Андреа Радрицани, поголема е веројатноста Кавани да стане дел од клупското семејство.






– Би било тешко да го донесеме Ибрахимовиќ, бидејќи се обидовме да потпишеме со него во јануари, но тој го одбра Милан. Сега мислам дека е предоцна за таа работа, а и интензитетот на фудбалот во Англија е поинаков. Токму затоа, Кавани би можел да биде нашето сериозно засилување. Тој има одлична физичка конструкција за да се адаптира тука – вели Радрицани.

Поврзани содржини