СВР Скопје – ЕВР Карпош ќе поднесе кривична пријава против Т.И. и Е.Н., двете од Скопје и против приватна детска градинка лоцирана во кругот на основно училиште на ул.„Карпошово востание“ во Скопје, поради постоење основи на сомнение „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“, информира МВР.
– На 16.07.2020 околу 10.30 часот, по претходна добиена пријава од граѓанин дека градинката работи и згрижува деца, полициски службеници од ЕВР Карпош излегле на местото, при што било утврдено дека детската градинка работи и дека се згрижени осум деца, а во неа работат и 12 лица, меѓу кои и директорката Т.И. и сопственичката Е.Н.. Во координација со Јавен обвинител на местото излегле преставници на Државниот санитарен и здравствен инспекторот и Државниот инспекторат за труд. Тие констатирале дека не биле почитувани протоколите за работа на градинки во услови на прогласена пандемија на коронавирус, поради што детската градинка ја затвориле и ги известиле родителите да ги земат децата кои биле згрижени во објектот – велат од МВР.