Четворица починаа од ковид-19, а 135 се новозаразени на 1.259 тестирања

Починати се 4 лица, еден пациент од Скопје, еден од Тетово, еден од Охрид и еден пациент од Кичево.

1,516

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.259 тестирања, а регистрирани се 135 нови случаи на ковид-19.

Во Скопје има 76, Куманово 6, Дебар 2, Штип 6, Прилеп 1, Тетово 13, Струга 7, Битола 3, Охрид 1, Кавадарци 1, Гостивар 10, Гевгелија 1, Македонски Брод 1, Кратово 1, Свети Николе 2, Кичево 3, Ресен 1.






Починати се 4 лица, еден пациент од Скопје, еден од Тетово, еден од Охрид и еден пациент од Кичево.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 142 оздравени лица од: Скопје 68, Штип 3, Прилеп 1, Тетово 15, Струга 15, Охрид 15, Гостивар 7, Крива Паланка 1, Кочани 1, Пробиштип 1, Кратово 5, Свети Николе 6, Ресен 4.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациентка на возраст од 67 години. Еден пациент на 62 години, кој вчера од Кичево бил донесен во тешка општа состојба во болницата во Битола веднаш бил упатен на Инфективната клиника Скопје, но за време на транспортот починал. Во ОБ Охрид е починат пациент на 86 годишна возраст. Во КБ Тетово е починат пациент на возраст од 72 години.

Поврзани содржини