Британската влада инвестира во истражување за нова нуклеарна технологија

203

Британската Влада најави инвестиција од 40 милиони фунти за развој на новата генерација нуклеарна енергетска технологија и создавање нови „зелени“ работни места со помош на еколошки прифатливи, помали нуклеарни централи, пишува порталот power.technology.com.

Со оваа иницијатива, Владата предвидува создавање нови можности за вработување во производството, истражувањето и развојот.

Британскиот министер за економија Надим Захави рече дека напредните модуларни реактори се следниот чекор во нуклеарната енергија и би можеле да бидат клучни во борбата против емисиите на јаглерод и климатските промени.

 

„Нашата инвестиција веднаш ќе создаде нови работни места во Оксфордшир, Чешир и Ланкашир, но илјадници нови работни места би можеле да се создадат во наредните децении, рече Захави.

 

Поврзани содржини