Во Општинската изборна комисија Кичево за гласање на парламентарните избори се пријавиле 35 болни од ковид-19 и лица во самоизолација, во општина Македонски Брод три лица, додека во општина Пласница немаше пријавени лица болни од ковид- 19 и лица во самоизолација за гласање.
Од пријавените 35, во Кичево гласале 32 лица, бидеќи двајца одбиле да гласаат, а едно лице во меѓувреме заминало во болница, информираше Антигона Сефери од ОИК во Кичево.
Во нивните домови гласаа лицата кои се во домашен карантин поради позитивен тест на вирусот и лицата на кои им е одредена мерка самоизолација со решение од Државен санитарен и здравствен инспекторат.
Во Македоински Брод гласаа три лица.
– Гласањето течеше без проблеми и забелешки – информираше Лена Милошеска, преседател на ОИК Македонски Брод.
За гласање од оваа категорија немаше пријавено лица во општина Пласница, па таму денеска немаше гласање.
Фото: МИА